Закон за оружјето донесен во 2005 година... ...и менуван 13 пати

By civil
  • 1. Основниот текст на Законот за оружјето, објавен во „Службен весник на РМ“ бр.7/05

    На 25 јануари 2005 година, со Указ на Претседателот е прогласено донесувањето на Законот за оружјето, чија примена ќе почне осум дена од објавувањето во Службен весник
  • 2. Закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето, „Службен весник на РМ“ бр.47/06

    6 април 2006 година - примената на Законот, донесен во јануари 2005 година, се одложува за јануари 2007 година
  • 3. Закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето, „Службен весник на РМ“ бр.42/07

    28 март 2007 (три месеци откако почна да се применува) – донесени 66 члена измени и дополнувања на оригиналниот закон од 90 члена
  • 4. Закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето, „Службен весник на РМ“ бр.86/08

    Јули 2008 година - измени и дополнувања во 21 член
  • 5. Измени на Закон за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муницијата, „Службен весник наРМ“ бр.25/10, со кои е интервенирано во Законот за оружјето

  • 6. Закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето, „Службен весник на РМ“ бр.72/10

    Мај 2010 - измени за легализација и доброволно предавање во најблиската полициска станица, „секоја сабота од 8,00 до 16,00 часот, во рок од една година од влегувањето во сила на овој закон“ (24 члена) (важел до 1 јуни 2011)
    Член 23 „Со влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за доброволно предавање и собирање огнено оружје, муниција и експлозивни материи и за легализација на оружјето („Службен весник на Република Македонија" број 37/2003 и 9/2004)“
  • 7. Закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето, „Службен весник на РМ“ бр.158/11

    Ноември 2011 година – измени за воведување на нови одредби од закон за прекршоци, како признавање на казна и намалување на глоба – порамнување
  • 8. Закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето, „Службен весник на РМ“ бр.119/13

    Август 2013 година – измени на дефинициите во појмовникот, измени во категоризацијата на оружјето, четврти пат измени за стручниот испит за ракување со оружје – измени и дополнувања од 50 члена од 90 на оригиналниот закон
  • 9. Исправка на Законот за изменување и дополнување на Законот за оружјето, „Службен весник наРМ“ бр.138/13

  • 10. Закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето, „Службен весник на РМ“ бр.164/13

    Септември 2013 година - веќе следниот месец, повтроно измени за стручниот испит, 15 члена
  • 11. Закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето, „Службен весник на РМ“ бр.152/15

    Август 2015 година - 10 члена измени во делот на прекршочните одредби
  • 12. Закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето, „Службен весник на РМ“ бр.193/15

    Ноември 2015 година – измени во 7 члена, повторно за стручниот испит и прекршоците
  • 13. Закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето, „Службен весник на РМ“ бр.55/16

    Март 2016 година, измени во 12 члена и нови прекршочни одредби
  • 14. Закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето, „Службен весник на РМ“ бр.97/18

    Мај 2018 година – повторно измени во категоризацијата, измени во 38 члена